Кризата на Манчестер Јунајтед продолжува. По слабите настапи во Премиер – лигата, „црвените ѓаволи“ доживеаја нов удар – елиминација уште во првото коло на Лига Купот, и тоа од четвртолигашот Гримзби.
Домаќинот поведе со 2-0 преку Верман и Варен, но Јунајтед во вториот дел се врати преку Мбeумо и Мегваер за 2-2. Сепак, пенал-рулетот им донесе историска радост на аматерите. Куња ја промаши шансата да го реши мечот во петтата серија, а трагичар на крај беше Мбeумо кој во 13. серија ја погоди пречката.
Додека Јунајтед испадна и се посрамоти, другите премиерлигаши без проблеми си ја завршија работата. Евертон славеше 2-0 над Мансфилд со голови на Бето и Алкараз, идентичен резултат запиша и Фулам против Бристол Сити.
Најубедлив беше Брајтон кој на гостувањето кај Оксфорд славеше со неверојатни 0-6. Головите ги постигнаа Бочеги, Груда, Гомез, Цимас (2) и Вотсон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













