Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, тешко ја поднесе елиминацијата на неговиот тим од Гримзби во „Карабао купот“. „Црвените ѓаволи“ испаднаа по пенал-рулет, а и за време на натпреварот оставија блед впечаток – губеа со 0-2 и со огромен напор успеаја да израмнат.
Португалецот не беше задоволен од изданието на своите фудбалери и призна дека подобриот тим заслужено славел.
„На крајот, нема никакво значење што израмнивме. Во текот на целиот меч сигналите беа негативни. Сметам дека подобриот тим победи, единствениот кој навистина беше присутен на теренот… Настапот на моите играчи кажува сè, тоа е. Ние загубивме, а подобриот тим победи“, изјави Аморим.
На дополнително прашање да објасни што мисли со тие зборови, тој одговори:
„Мислам дека е сосема јасно. Треба да гледаме напред и да го заборавиме овој ден. Сите видоа што се случи. Го почнавме натпреварот без никаков интензитет. Планот беше да вршиме пресинг, но ние бевме целосно изгубени на теренот. Тоа зборува доволно“, заклучи португалскиот стратег.
Фановите на Манчестер Јунајтед се бесни, ова е најава за уште една очајна сезона, па дури и бараат Рубен Аморим да си замине од „Олд Трафорд“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го сочува врвот со „минималец“ против Работнички, а Шкендија имаше лесна задача против...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Борче Христов (Тиквеш)
Доаѓањето на Борче Христов на кормилото на Тиквеш донесе и многу подобри денови за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Едерсон го „зацрни“ Фенербахче (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Интер со крупни чекори ита кон Скудетото (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лео Меси си купи фудбалски клуб во Шпанија













