
Баерн Минхен и Манчестер Сити утре ќе го одиграат реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Во првиот дуел Сити победи со 3-0 на „Етихад“ и е голем фаворит за пласман во полуфиналето.
„Веруваме дека сè уште имаме шанси. Мораме да започнеме добро – можеби да водиме со 1-0 на полувремето. Не мора да направиме 3-0 по десет минути, но мора да постигнеме гол и да продолжиме да напаѓаме. Ако го постигнеме вториот гол до 80. минута, ќе имаме уште 15 минути. Верувам дека тоа е можно“, изјави искусниот Германец.
Сепак, букмејкерите му даваат само минимални шанси на германскиот шампион да ја анулира негативата од три гола против Манчестер Сити.
Атмосферата во Баерн е лоша откако Садио Мане го удри Лирој Сане по поразот од Манчестер, но искусниот Томас Милер е оптимист и има план како неговиот тим да помине понатаму.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
