
Реал Мадрид брзо и одговори на Барселона и на нејзиниот претседател Жоан Лапорта, кој вчера во врска со „случајот Негреира“ изјави дека неговиот клуб никогаш не направил ништо за да обезбеди предност на теренот, а потенцираше како сите знаат дека Реал е миленик на судиите и на судиската организација низ целата историја на клубот.
На сето тоа Реал реагираше преку својот официјален телевизиски канал тврдејќи дека Барселона е всушност клуб на режимот и дека на диктаторот Франко му доделила три медали, а во 1965 година го прогласила за почесен член на клубот.
Од Реал велат дека Барселона трипати била спасена од банкрот од Франко и дека за време на тој режим освоила осум лиги и девет купови, додека на Реал Мадрид му биле потребни 15 години да го освои националниот шампионат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)
