
Поранешниот напаѓач на Тотенхем, Јирген Клинсман, е еден од кандидатите за менаџер на англискиот тим, тврди „Кикер“. Раководството на Тотенхем до крајот на сезоната ќе се потпира на Кристијан Стелини, но е во потрага по постојан менаџер кој ќе го преземе тимот од лето.
Клинсман моментно е селектор на репрезентацијата на Јужна Кореја, каде што беше назначен во февруари. Легендата на Германија викендот беше на стадионот на Тотенхем за да го гледа настапот на Хјонг-Мин Сон и доби топло добредојде од навивачите.
Други кандидати за оваа функција се Брендан Роџерс, Винсен Компани, Маурисио Покетино, Грем Потер и Џулијан Нагелсман. Одлуката на раководството на Тотенхем може да има влијание и врз иднината на Хари Кејн, кој има договор до летото 2024 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
