Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, ја коментираше претстојната пресметка со Милан. Двата тима утре ќе се сретнат на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во Неапол во реванш четвртфиналето на Лигата на шампионите. „Росонерите“ пристигнуваат со гол предност по успехот од 1-0 пред една недела.
Избраниците на Стефано Пиоли на почетокот на месецот победија со 0-4 во Неапол во натпревар од Серија А.
„Откако играте двапати во неколку недели, навлегувате во детали за тоа што се случи. Ја започнавме сезоната со изменет состав и нова идеја за нашиот фудбал. Сега се работи за мали корекции и подготвеност за работи кои можат да се случат во текот на натпреварот , како контранападите на Милан, каде се особено опасни“, изјави Спалети.
„Утре ќе бидам среќен само ако продолжиме понатаму. Во спротивно, добрата претстава ќе биде мала утеха. Мора да играме како на првиот натпревар, квалитетно, со интензитет, да создаваме простори и веднаш да ги користиме. Со нашиот стил на игра, понекогаш оставаме дупки меѓу линиите, но тоа е ризик што треба да го преземеме“, изјави Спалети.
„Да се игра во оваа фаза од ЛШ е награда за сите играчи, за градот, за нивната љубов. Не ризикуваме ништо околу овој натпревар. Единствениот ризик е да стигнеме до голема радост бидејќи никогаш не сме стигнале до оваа фаза“, посочи тренерот на Наполи.
„Милан игра модерен, напаѓачки фудбал со висок пресинг. Тие целосно заслужија да станат шампиони минатата сезона и ќе пристигнат со идеја да преземат иницијатива. Фактот дека ќе мора да се занимаваат со Осимен ќе им донесе грижи“, ипотенцираше Спалети.
Виктор Осимен се опорави од повредата поради која го пропушти првиот натпревар и влезе како замена против Верона изминатиов викенд.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













