Connect with us

Ракитиќ: Овој тим никогаш не се предава

Севилја успеа да одигра 2-2 на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на Европа. Шпанскиот тим до 84. минута заостануваше со два гола разлика, а потоа со бизарен пресврт стигна до реми.


Јунајтед доминираше во 80 минути игра, имаше неколку шанси за трет гол, а потоа играчите на домашната екипа одбија две топки во сопствената мрежа и со тоа си ги искомпликуваа шансите за пласман во полуфиналето.


Хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ го одигра целиот натпревар за Севилја, а по натпреварот испрати порака до навивачите на шпанскиот тим.


„До последен момент! Овој тим никогаш не се предава“, истакна капитенот на Севилја.
Манчестер Јунајтед поведе со 2-0 по само дваесетина минути игра откако Марсел Сабицер двапати погоди во првиот дел.


Севилја возврати во 84. минута кога Хесус Навас нафрли пред голот, а Тајрел Маласија несреќно ја затресе сопствената мрежа. Англискиот тим повторно немаше среќа во 92. минута кога топката по ударот на Јусеф Ен-Несири го погоди Хари Мегваер во глава и заврши во мрежата за 2-2.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови