
Враќањето на аргентинската ѕвезда Лионел Меси е проектот што го окупира раководството на каталонскиот гигант Барселона. Фановите бараат клубот да го врати нивниот миленик на „Камп Ноу“, а за тоа се потребни сериозни финансиски стредства. Очигледно е дека Барса ќе мора да продава дел од фудбалерите.
Први во редот се Феран Торес и Ансу Фати, кои сезонава беа на клупата, дури и кога е повреден Осман Дембеле. Барселона е подготвена да слушне понуди од најмалку 40 милиони евра за двајцата, но и тоа не е сѐ.
Каталонците сакаат да го принудат и Жорди Алба да си замине, бидејќи ќе влезе во последната сезона од договорот, 2023/24. Тој има убедливо најголема плата во тимот.
Засега, доколку сака да остане, Алба ќе мора да потпише нов договор, можеби дури и до 2025 година, но со огромно намалување на платата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
