
Реал Мадрид го победи Челси со 2-0 и направи два чекори напред кон полуфиналето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ имаат два гола позитива во пресрет на реваншот во Лондон.
Карим Бензема во 22.минута донесе водство за тимот на Карло Анчелоти, откако имаше лесна задача да ја спроведе топката во мрежата, по интервенцијата на Кепа и шутот на Винисиус Жуниор.
Челси од 59.минута остана со фудбалер помалку поради исклучувањето на Бен Чилвел, а Марко Асенсио со шут од 16 метри зголеми на 2-0 во 74.минута.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер за Наполи на „Сан Сиро“, а неговиот тим загуби од Милан со 1-0. Исмаел Бенасер во 40.минута погоди за водство на „росонерите“ откако Наполи не реализира неколку изгледни можности.
Во второто полувреме „наполитанците“ останаа со играч помалку откако Андре Замбо Ангиса беше исклучен поради два жолти картони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Милан со пресврт до триумф против Комо (ВИДЕО)
