
Лука Модриќ им рекол на челниците на Реал дека не планира да оди во друг клуб и дека ја одбил понудата од Саудиска Арабија. Капитенот на хрватската репрезентација има договор со Реал до крајот на сезоната и сѐ уште нема добиено понуда за продолжување на соработката.
„Модриќ му кажа на Реал дека сака да остане уште една година и одбива огромна понуда од Саудиска Арабија. Тие му понудија 60 милиони евра за двегодишен договор, но тој сака да остане во Реал и да се пензионира во мадридскиот клуб“, тврдат шпанските медиуми.
„Агентот на Модриќ во изминатите месеци им кажа на челниците на Реал дека Модриќ има понуда од Саудиска Арабија, а тоа ги натера Перез и другите да помислат дека Модриќ може да го напушти Мадрид. Сега Модриќ реши лично да им каже на челниците на Реал, без посредник, дека ја одбил понудата од Саудиска Арабија“.
Модриќ е во Реал од 2012 година и заработува околу 10 милиони евра годишно.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal