
Самуел Чуквуезе одигра фантастичен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“, постигнајќи два прекрасни гола и го предводеше Вилјареал до победа од 2:3 против Реал Мадрид. 22-годишниот нигериски интернационалец толку многу го импресионирал претседателот на Реал, Флорентино Перез, што тој побарал веднаш да биде доведен меѓу „кралевите“.
Чуквуезе оваа сезона одигра 40 натпревари за Вилјареал, постигна 13 гола и асистираше 11 пати.
По натпреварот во Мадрид, Флорентино Перез им ја пренел својата идеја на челниците на Вилјареал дека е подготвен да го доведе Чуквуезе и би можел да понуди 50 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
