Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во интервју за „ДАЗН“ откри детали од детството, дека понекогаш не можел да гледа мечеви од Лигата на шампионите затоа што морал да учи. Неговата мајка не му дозволувала да остане материјата ненаучена.
„Во Македонија многу се гледа италијански фудбал. Ми се допаѓаа Тоти, и Рома на Спалети како играше. Татко ми не гледаше фудбал, како и целото семејство. Размислуваа само на работата од утро до вечер. Сега имаат повеќе време затоа што нивните деца работат, семејството е тука со мене“, изјави Елмас.
Ако не ги научел лекциите навремено, нема гледање Лига на шампиони.
„Морав да научам за да можам да гледам фудбал навечер. Додека не научиш сè, нема да излезеш од собата, велеше мајка ми. Дури и кога имаше Лига на шампиони, морав да учам“, истакна Елмас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими
Евро-фудбал
Пиоли пред отказ во Фиорентина
Евро-фудбал
Аларм во ПСЖ: Дембеле ја обнови повредата













