Баерн Минхен е најновиот клуб што ќе се обиде да ја купи младата ѕвезда на Аталанта, Расмус Хојлунд во летниот преоден рок. 20-годишниот Данец е едно од откритијата на сезоната во Серија А и многу клубови веќе се наредија за неговиот потпис, а меѓу нив е и германскиот гигант, тврди „Туто Аталанта“.
На „Алијанц арена“ им треба засилување во нападот, каде во моментов единствен типичен центарфор по заминувањето на Роберт Левандовски е Ерик Максим Чупо-Мотинг. Камерунецот се снајде добро во таа улога, со 17 гола од почетокот на сезоната, но тој има 34 години и клубот е свесен дека им треба свежа крв, а Хојлунд би бил идеален избор за подолг период.
Хојлунд беше донесен во Аталанта од Копенхаген во летото 2022 година и веќе во првата сезона почна да го покажува својот огромен потенцијал. Досега има 14 гола на 34 натпревари во сите натпреварувања. Со добрите игри стигна и до репрезентацијата на Данска за која веќе има пет гола на првите четири натпревари.
Баерн Минхен е подготвен да издвои 50 милиони евра, но тоа можеби и нема да биде доволно со оглед на огромниот интерес за него. Манчестер Јунајтед, Јувентус, Арсенал и Реал Мадрид исто така го следат младиот играч и се подготвени да започнат трансферна војна за неговиот потпис на лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













