
Македонските репрезентативци ја почувствуваа националната арена „Динамо“ во Тбилиси која беше домаќин на УЕФА Суперкупот во 2015 година за натпреварот меѓу шпанските Барселона и Севилја.
Овој пат, за натпреварот од второто коло во Ц лигата од УЕФА Лигата на нации, за жал ќе зјае празна поради пандемијата на коронавирусот. Но, тоа ниту најмалку нема да биде демотивирачки за македонските репрезентативци кои атакуваат на нова победа, по стартната против Ерменија во Скопје.
Македонската селекција, по денешното пристигнување во главниот град на Грузија, го одработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар во комплетен состав. И покрај стомачните проблеми, тренингот го одработи и Стефан Ристовски кој се очекува да биде подготвен за утрешниот дуел кој стартува од 18 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?

Евро-фудбал
Јувентус го враќа Виктор Осимен во Серија А
