Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис, се врати на тренинзите со тимот, објави лондонскиот клуб.
Поранешниот француски репрезентативец, кој стави крај на репрезентативната кариера, нема играно од почетокот на февруари кога го повреди коленото.
„Хуго се врати во тимот“, објави Тотенхем на социјалните мрежи.
36-годишниот голман заработи повреда во победата од 1-0 против Манчестер Сити на 5 февруари, кога се судри со Родри во воздушен дуел.
Без својот стартен голман, Тотенхем имаше просечна серија од три победи, две ремија и четири порази, испадна од Милан во Лигата на шампионите и загуби од Шефилд Јунајтед во осминафиналето на ФА Купот. Поради таквите резултати дојде и до разделба со менаџерот Антонио Конте минатата недела.
Тотенхем моментално е четвртопласиран на табелата во Премиер – лигата, но мора да се бори напорно за да избори пласман во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













