
Италијанскиот калчолигаш Наполи има огромна предност пред конкурентите во Серија А и речиси сигурно ќе ја освои шампионската титула, а раководството на клубот размислува како да го задржи тимот кој оваа сезона „гази“ во сите натпреварувања. Тренерот Лучијано Спалети не сака да дозволи тимот лесно да биде расформиран, а поголем дел од ѕвездите имаат понуди за трансфер во големите европски клубови.
Кварацкелија и Осимен се најбараните имиња, но исто така и Елиф Елмас. Македонскиот репрезентативец има договор до 2025 година, но информациите од Италија велат дека Напои веќе подготвува нов договор со многу подобри услови за „дијамантот“.
Елмас моментно заработува 1,5 милиони евра по сезона во Наполи, а дојде во Неапол во 2019 година од турскиот клуб Фенербахче. Во Македонија се промовираше во дресот на Работнички.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski