Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп ја раскажа својата приказна зошто Карим Бензема не играше на Светското првенство во Катар, каде неговиот тим загуби од Аргентина на пенали во финалето. Бензема отпадна од списокот поради повреда пред Мундијалот, но се опорави до нокаут фазата. И покрај тоа, Дешамп не го покани да се приклучи на тимот во Катар, наводно под притисок на други играчи, кои не биле задоволни од идејата за негово следно приклучување.
На прашањето дали требало да почека Бензема да добие попрецизна дијагноза за повредата, Дешамп даде изјава за „Ле Паризиен“.
„Има само една вистина и Карим ја знае. Тој ни се придружи на 14 ноември откако беше полуактивен за клубот поради повреда, работеше под посебна програма, а неговото враќање на тимската работа беше одложено.
Тој не беше 100 отсто сигурен дека може да започне против Австралија на првиот натпревар. Кога се повреди, нашиот лекар го однесе на магнетна резонанца. Карим ги испратил наодите до својот лекар во Мадрид за да добие второ мислење. Тој се врати во хотелот по полноќ и го сретнав во собата со нашиот лекар, кој ми ги даде наодите“, вели Дешамп.
„Карим беше лут бидејќи Светското првенство му значеше многу. Ми рече дека е уништен. Во најдобар случај, ќе се вратеше на тренинзите на 10 декември. Тој рече дека е разочаран што мора да замине, но ја оправда одлуката бидејќи тоа беше за доброто на тимот.
Бевме заедно околу 20 минути. Додека заминував, му реков дека нема потреба да се брза. Кога се разбудив, сфатив дека го нема. Тоа беше негова одлука, која ја разбирам и ја почитувам“, продолжи Дешамп.
Сепак, Бензема одигра пријателски натпревар за Реал Мадрид за време на Светското првенство.
„Дали навистина мислите дека тоа може да се спореди со интензитетот во полуфиналето на Светското првенство? И покрај неговиот талент и статус, кои никој не ги доведе во прашање, можеш ли да замислиш да се врати во последен момент? Карим сам би ми кажал дека не е подготвен“, тврди Дешамп.
Дешамп изјави дека последен пат разговарал со Бензема кога го продолжил престојот како селектор на Франција.
„Му се јавив и имавме долг разговор. Неодамна повторно му се јавив за да дознаам дали дефинитивно ја напуштил репрезентацијата. И да, ја потврди одлуката дека става крај на репрезентативната кариера. Не ме прашувајте за неговите аргументи. На него е дали ќе ги открие или не ги открие“, заклучи Дешамп.
Напаѓачот на Реал Мадрид и актуелен освојувач на „Златната топка“ на Инстаграм, заедно со изјавите на Дешамп, напиша „но, каква дрскост“ и додаде емотикон на кловн.
Потоа објави бизарно видео од лице во автомобил како вели „добра ноќ“. Бензема со тоа видео напиша „Драг Дидие, добра ноќ“ и повторно го стави емотиконот на кловнот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal