Поранешната бразилска фудбалска ѕвезда Робињо (39) исчезна откако полицијата издаде налог за негово апсење за силувањето кое го изврши во Италија во 2013 година, за што беше осуден на девет години затвор.
Поранешната фудбалска ѕвезда Робињо исчезна без трага откако бразилското Министерство за внатрешни работи одлучи да го уапси за силување што го извршил во Италија.
Минатата година Робињо беше осуден на девет години затвор од судот во Милано поради силувањето што се случи во 2013 година. Бразилецот поминал време со своето друштво во ноќен клуб, а потоа извршиле кривично дело силување.
Поранешниот фудбалер беше недостапен за италијанското правосудство. Беше испратено и барање за негова екстрадиција, но бидејќи двете земји немаат договор за екстрадиција, Италија побара негово апсење и издржување на казната во Бразил.
Ова барање беше прифатено од бразилскиот суд. За негово апсење беше распишана потерница, но Робињо не беше пронајден на неговата домашна адреса.
Нема ни трага ни глас од поранешната ѕвезда на бразилскиот фудбал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













