Челси ја елиминира Борусија Дортмунд и се пласира во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Менаџерот Грем Потер конечно може да се израдува на еден успех со тимот, иако Борусија Дортмунд има замерки на судењето и повторениот пенал на Каи Хаверц, по кој Челси стигна до капиталното водство од 2-0.
„Беше многу емотивно, а расположението во соблекувалната сега е фантастично. Поминавме низ многу тешка фаза и овој успех многу ни значи. Беше многу важно што и навивачите беа со нас во овие тешки мигови. Мораме да им оддадам признание на фудбалерите, тие дадоа максимум и на двата натпревари за да стигнеме до овој успех. Мислам дека Челси заслужуваме да оди далеку во Лигата на шампионите. Но, сега треба да се подготвиме за натпреварот против Лестер во Премиерлигата“, изјави Грем Потер.
Челси славеше со 2-0 на „Стемфорд бриџ“ откако во Дортмунд претходно загуби со еден гол негатива (0-1).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













