Холандскиот судија Дани Макели е познат по грешките на големите натпревари, а Борусија Дортмунд смета дека продолжи со ваквата пракса и на реваншот против Челси, во осминафиналето на Лигата на шампионите. Борусија Дортмунд загуби со 2-0, а вториот гол беше постигнат од пенал, и тоа откако двапати реагираше ВАР собата, а Макели ја прифати сугестијата.
Борусија Дортмунд огорчено тврди дека пеналот не требало да се повтори, туку Макели требаше да досуди индирект, затоа што пред ударот на Хаверц од 11 метри, неколку играчи на Челси први втрчале во шеснаесетникот.
Емре Џан, фудбалерот на Борусија Дортмунд, по натпреварот беше бесен.
„Судијата е виновен за нашиот пораз, нема што да разговараме. Сите видоа што направи. Се разбира, кој искрено сака тоа да го види. Судијата беше груб со нас. Не разбирам зошто го повтори пеналот бидејќи кога беше изведен имаше неколку играчи на Челси во нашиот шеснаесетник“, изјави Џан.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













