Лука Модриќ во овој момент е многу поблиску до заминување отколку да остане во Реал Мадрид. Според последните информации, во клубот се уште не се сигурни дека останувањето на Модриќ е најдобрата опција и одлуката за нов договор управата ќе ја донесе кон крајот на сезоната.
Многу работи ќе зависат од игрите на Лука Модриќ, кој беше во благ пад на формата по
Мундијалот, па блесна на „Енфилд“ и повторно врза неколку слаби изданија.
Доколку Флорентино Перез и стручниот штаб видат дека Модриќ повеќе не ја прави разликата во средниот ред, Хрватот најверојатно ќе го напушти Мадрид на крајот од сезоната.
Исто така, веќе се шпекулира дека негова следна дестинација ќе биде Саудиска Арабија, поточно Ал-Наср за кој настапува Кристијано Роналдо.
Ова не е првпат Хрватот да се поврзува со Ал-Наср, а како што Модриќ е се поблиску до заминување, сигурно е дека ќе му се придружи на Роналдо.
Модриќ дојде во Реал Мадрид во 2012 година и ги освои сите можни трофеи и стана една од легендите на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













