![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2023/03/grem-poter-pres.jpg)
Менаџерот на Челси, Грем Потер, изјави дека неговите играчи се исклучително мотивирани да ја покажат својата најдобра страна и да успеат да ја елиминираат Борусија Дортмунд во реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Првата средба пред две недели ја добија Германците со еден гол разлика (1-0).
„Ова е посебен натпревар за нас и ќе се обидеме да се пласираме во следната рунда од Лигата на шампионите. Одигравме неколку натпревари на кои можевме да постигнеме повеќе од еден гол и таков настап ни треба и вечерва. Се соочуваме со врвна екипа која е во добра форма и победува. И нашиот тим го подобри расположението по победата викендов и ние сме исклучително мотивирани. Сакаме да го покажеме најдоброто за што сме способни“, изјави менаџерот на Челси.
Одлуката за настапот на Рис Џејмс ќе биде донесена непосредно пред натпреварот. Американскиот интернационалец Кристијан Пулишиќ се опорави и ќе биде дел од тимот, но ќе го нема Н’Голо Канте, кој подолго време се опоравува од повредата.
![](https://makfudbal.mk/wp-content/uploads/2021/02/logo.jpg)
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal