Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се посрамотија во Ливерпул откако загубија од големиот ривал со 7-0. Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг не ги криеше емоциите во соблекувалната, па англиските медиуми ја открија неговата реакција.
Во стилот на Сер Алекс Фергусон, Холанѓанецот многу гласно им порача на играчите дека треба да бидат среќни што се враќаат во тимскиот автобус, а не со навивачите кои платија од свој џеб да го гледаат срамниот приказ на нивната екипа.
И не само тоа, тој утринскиот тренинг на играчите им го закажа во 9 часот, додека Холанѓанецот веќе во 7 беше во тренинг центарот.
Кога пристигнаа играчите, Тен Хаг ги натера да ја слушаат прославата на играчите и навивачите на Ливерпул, а им се закани дека ќе ги испрати во резервниот тим доколку некогаш повторно им се случи нешто такво.
По серијата одлични резултати, тоа дефинитивно е болно отрезнување за Манчестер Јунајтед, кој има уште многу предизвици пред себе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













