Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, e на „седмо небо“ по историската победа над Манчестер Јунајтед од 7-0. Неговиот тим конечно покажа шампионски фудбал, а целта на „црвените“ ќе биде да се изборат за пласман во ЛШ за следната сезона.
„Немам зборови. Фантастичен, извонреден натпревар. Прикажавме фудбал од врвна класа против екипа која е во многу добра форма. Вакви резултати има во фудбалот. Тоа беше притисокот што ни требаше за да тргнеме во вистинската насока. Покажавме каков тим можеме и мора да бидеме оттука натаму. Уште 13 натпревари и многу бодови има во игра во Премиер – лигата. Резултатот е вистинско лудило и ќе остане во историјата. Не можам да се сетам кога сум видел вакво нешто. Ќе ги земеме сите позитивни страни што ни ги дава овој натпревар“, изјави Јирген Клоп.
Ливерпул сега е на три бода од четвртопласираниот Тотенхем, а има и еден одигран меч помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













