
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, верува дека неговата екипа може да го добие дербито со „црвените ѓаволи“ на „Енфилд“ што ќе им даде поттик за остатокот од сезоната.
„Вчера сите се чувствуваа добро, освен оние кои во основа се надвор од ритам, Тијаго Алкантара и Луис Дијаз. Џо Гомез е блиску до камбек. Секогаш се радував на овој дуел. Тие имаат многу подобра сезона од нас, но тоа не значи ништо. Тоа не значи дека ќе го добијат натпреварот, тоа само значи дека имаат повеќе бодови. Ова е недела во која треба да ја започнеме нашата сезона. Мора да покажеме дека сѐ уште е неверојатно тешко да се игра против нас. Го почитувам она што го прави Манчестер Јунајтед. Тие станаа машина за добри резултати. Играат врвен фудбал, но и кога не им оди така добро, тие сепак победуваат. Тие се целосно вклучени во битката за освојување на титулата“, изјави Јирген Клоп.
Ливерпул ќе го пречека Манчестер Јунајтед в недела на „Енфилд Роуд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен

Млади репрезентации
Станиќ: Подготвени сме за уште еден предизвик против врвна репрезентација
