
Роберто Фирмино си заминува од Ливерпул како слободен играч на крајот од сезоната. Бразилскиот напаѓач денеска му ја соопштил на менаџерот Јирген Клоп веста за неговото заминување.
Клоп претходно изјави дека сака 31-годишниот Фирмино да го продолжи договорот, но не е постигнат договор, па Бразилецот следната сезона ќе игра во друг клуб.
Фирмино е во Ливерпул од 2015 година. Англискиот клуб му плати 41 милион евра на Хофенхајм.
За Ливерпул одигра 352 натпревари и постигна 107 гола со 78 асистенции. Пред четири години беше европски шампион, а пред три ја освои Премиер – лигата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
