Рафаел Леао ужива во уште една одлична сезона во Милан и веројатно е еден од најбараните напаѓачи во светскиот фудбал. Челси се поврзува со неговиот трансфер уште од летото, иако португалскиот напаѓач вели дека Лондон не му омилен град.
„Не ми се допаѓа времето таму. Отидов на шопинг првиот пат кога отидов во Лондон. Во Милано уживм и во берберница, во трговските центри, има ноќни клубови и одлична храна”, изјави Леао за „А Бола“.
Иако изгледа дека е среќен во Италија, Леао додаде дека можеби ќе бара и поинаков предизвик во кариерата.
„Серија А е многу лесна, да. Пред да пристигнам во Серија А, бев во Франција каде што првата година беше тешка. Таму не беше лесно. Но, кога имаш способност, кога си побрз, можеш да создаваш и да направиш разлика. Втората година беше многу подобра и многу напредував. Морав да му покажам на светот што можам да правам на теренот и надвор од него“, додаде Леао.
Рафаел Леао оваа сезона веќе постигна 17 гола во сите,натпреварувања, а за него се интересираат и Манчестер Сити и Пари Сен Жермен.
Договорот на Португалецот со Милан истекува во 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













