Connect with us

Бенфика обвинета за затајување данок

Бенфика е во неволја бидејќи компанијата која раководи со клубот од Лисабон е обвинета за издавање лажни фактури.


„Бенфика САД“, која е одговорна за менаџирање на клубот, е обвинета за даночна измама, се вели во кратката изјава што компанијата ја дала до властите на португалската берза.

За истото кривично дело, како и за фалсификување документи, се обвинети и членовите кои беа во одборот на директори од 2016 до 2020 година, од кои еден се уште е на функција, се додава во соопштението.

Државното јавно обвинителство потврди „постоење истрага за факти кои би можеле да претставуваат кривично дело затајување данок“.

Луис Филипе Виеира, претседател на Бенфика од 2003 до 2021 година, и Доминго Соареш Де Оливеира, актуелен претседател на Бенфика САД, наводно се главните осомничени.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови