
Наполи има огромна предност на врвот на табелата во Серија А и сигурно чекори кон шампионската титула, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вели дека најголем адут на тимот е тренерот Лучијано Спалети.
„Спалети е голем тренер, вистинско задоволство е да се работи со него. Мислам дека тој е најважниот човек во клубот, без него не би го направиле сето ова. Имаме прекрасна сезона, тој не научи да мислиме и да работиме за тимот. Се разбира, среќен сум што давам голем придонес за Наполи, среќен сум и за секој постигнат гол. Има уште мнгу натпревари, можеби ќе дојдам и до двоцифрен ефект оваа сезона“, изјави Елиф Елмас.
Наполи има огромни 18 бода предност на врвот, а до крајот на првенството во Серија А остануваат уште 14 натпревари.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
