
Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси (35) ќе добие понуда кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Новинарот Хуан Фонтес тврди дека Ал-Итихад е заинтересиран да го доведе и ќе му испрати официјална понуда во наредните денови.
Лионел Меси на крајот од оваа сезона би можел да го напушти францускиот ПСЖ и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија. Ал-Итихад подготвил двегодишен договор за најдобриот светски фудбалер. Подготвени се да го платат 88 милиони евра нето по сезона за да го донесат во своите редови.
Ниту еден тим не може да му достави таква понуда. Прашање е само дали Лео е подготвен да тргне по стапките на својот голем ривал Кристијано Роналдо и кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Роналдо на крајот на минатата година потпиша договор со Ал-Наср вреден 200 милиони евра по сезона, а поради него првенството на Саудиска Арабија стана гледано ширум светот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal