Англискиот премиерлигаш Арсенал планира голем трансфер следното лето. Микел Артета сака да го доведе играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс.
„Топчиите“ немаат средства да се натпреваруваат за потписот на Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, кој е проценет на 150 милиони евра и затоа ќе се обидат да го ангажираат Рајс, кој е малку поевтина опција.
Вест Хем е подготвен да се раздели со Деклан за 110 милиони евра.
24-годишниот играч од средниот ред настапува за „чеканите“ од летото 2013 година. Оваа сезона на 29 натпревари постигна еден гол и забележа три асистенции.
Договорот на Деклан Рајс со Вест Хем истекува во летото 2024 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













