Тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, не смета дека дербито против Олимпик Марсеј в недела ќе биде одлучувачко за титулата во Франција. Неговиот тим е лидер и води со пет бода разлика пред големиот ривал. Поразот на „Велодром“ сепак би ја намалил разликата на два бода.
„Многу важен натпревар. Двата тима се многу блиску во првенството, ги делат само неколку бода. По испаѓањето во Купот, средбата е многу важна. Дали тоа ќе биде пресудно за титулата? Мислам дека не“, изјави Галтие.
Двата тима се сретнаа претходно овој месец и Олимпик Марсеј победи со 2-1 и го исфрли ПСЖ од Купот на Франција.
„По поразот таму за Купот и мечот со Баерн, победата над Лил ни дава надеж. Мора да се претставиме подобро од претходниот натпревар. Не бараме реванш. Ова е група на играчи кои се навикнати да се борат за високи цели. Тие не се откажуваат. Понекогаш треба да им дозволите да играат слободно. Не е срамота да се изгуби, но треба да се даде сѐ од себе“, додаде Галтие.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Хуго Дуро со „ножички“ го исече Леванте (ВИДЕО)
Интернационалци
Несторовски двоен стрелец за Славен Белупо













