Connect with us

Шкупи и Шкендија ќе се судрат во Кичево, без публика

Актуелниот шампион Шкупи е казнет и ќе биде домаќин во Кичево, а пресметката против Шкендија (14 часот) ќе се одигра без публика. Но, тоа речиси воопшто нема да влијае на фудбалскиот дуел на теренот, каде тимот на Гоце Седлоски ќе бара триумф, но и ќе има против себе голем ривал.

Составот на Ќатип Османи е значително засилен, Шкендија го врати Енур Тотре, го доведе Методи Максимов, се засили и со неколку странци. Од друга страна, Седлоски го има на располагање речиси истиот тим, засилен со Дарко Илиески во одбраната.

Шкупи има три победи, Шкендија дури 14 во меѓусебните дуели, но, сепак, тимот од Чаир е актуелен првак.

Есенскиот лидер Струга Трим Лум ќе гостува во Кавадарци, а Македонија ЃП во Ѓорче Петров ќе го пречека тимот на Академија Пандев.

Победа е домаќин на Работнички, а Брегалница во Штип ќе игра против Скопје.

ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 19.КОЛО (14 ЧАСОТ)

Кичево: Шкупи – Шкендија


Кавадарци: Тиквеш – Струга ТЛ

Штип: Брегалница – Скопје

Прилеп: Победа – Работнички

Скопје: Македонија ЃП – Академија Пандев

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови