Италијанскиот калочигаш Јувентус се наоѓа во очајна ситуација откако му се заканува нова драконска казна и одземање на нови 20 бода. Во таков случај, клубот би бил доведен на работ на испаѓање од Серија А.
По одземените 15 бода поради финансиски малверзации, Јувентус во моментот има 23 бода, а ако му бидат одземени уште 20, би останал со само три бода на салдото. Во овој момент тоа би значело и последно место на табелата во Серија А.
Како што открива „Кориере дело Спорт“, Фудбалската федерација на Италија ќе побара одземање на нови 20 бода поради нерегулирани плати во Јувентус.
По ова, јасно е дека клубот ќе влезе во нова неизвесност и нестабилност, а фудбалерите побарале состанок со раководството.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal