
Судот во Честер, Англија, денеска донесе одлука за процесот кој трае повеќе од една година, а во кој е вклучен фудбалерот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди кој е обвинет за сексуални напади врз четири жени.
Одлуката на судот е да го прогласи Менди како невин за седум од обвиненијата за сексуално вознемирување кои му се товареа, додека за две обвиненија дополнително треба да биде донесена одлука.
Од таборот на Манчестер Сити излегоа со соопштение дека се свесни за одлуката на судот во Честер, но дека нема да носат одлука за иднината на Менди сѐ додека целиот случај не биде конечно затворен.
„Ја забележавме одлуката на судот во Честер, каде Бенџамин Менди е прогласен за невин во седум од обвиненијата. Судот ќе расправа за уште две обвиненија, па судењето не е завршено. Бидејќи се уште целата работа е отворена, клубот не е во позиција да дава дополнителни коментари на оваа тема“, се вели во соопштението на „граѓаните“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Прва лига
Шкендија убедливо поразена од Копер
