Жоао Феликс имаше лошо деби во Премиер – лигата, откако доби црвен картон и ги остави соиграчите од Челси на цедило во поразот против Фулам. Англиските статистичари го пресметаа податокот колку ќе го чини Челси црвениот картон на Португалецот.
Исклучувањето на Жоао Феликс поради груб старт ќе го чини клубот 2.360.000 евра.
Челси нема да може да смета на Жоао Феликс на тешките натпревари против Ливерпул, Вест Хем и повторно против Фулам.
Клубот од „Стемфорд бриџ“ плати 11 милиони евра обештетување на Атлетико Мадрид за шестмесечната позајмица на Феликс и ќе му ја покрие целата плата до крајот на сезоната, што е дополнителни 6,7 милиони евра.
Во времето кога потпиша Феликс, Челси имаше 21 натпревар до крајот на сезоната, па кога ќе се подели вкупниот трошок, Португалецот би чинел нешто помалку од 800.000 евра по натпревар.
Бидејќи Феликс ќе пропушти три натпревари поради директен црвен, пресметката е дека ова ќе биде рекорден црвен картон кој ќе чини нешто помалку од 2,4 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













