
Дел од поранешното раководство на Барселона имало скандалозен однос кон Лионел Меси. Најновите информации на оваа тема ги разбрануваа духовите во Шпанија.
Каталонското издание „Ел Периодико“ објави извадоци од разговор на WhatsApp меѓу донеодамнешниот претседател на клубот Хосеп Марија Бартомеу и тогашниот шеф на правниот оддел Роман Гомез Понти.
Гомез Понти во своите пораки отворено го навредува Меси, нарекувајќи го „хормонално џуџе“ и „канален стаорец“.
На 22 март 2020 година, Гомез Понти напишал имејл до Бартомеу со предлог да се намалат платите на фудбалерите поради растечката пандемија Ковид-19.
„Не би било лоша идеја да се објават мултимилионските договори на првиот тим за луѓето јавно да ги критикуваат“, му напиша тој на тогашниот директор на клубот.
„Ел Мундо“ објави дел од договорот на Меси на 31 јануари 2021 година, што предизвика скандал, а полицијата во Шпанија сè уште го истражува случајот „Барселогејт“, поврзан со наводите дека поранешното раководство на Барса открило доверливи податоци за договорите на Лионел Меси и на Жерар Пике.
Откако беше објавен договорот на Аргентинецот, Бартомеу беше бомбардиран со прашања за тоа што се случува, а Гомез Понти му напишал: „Барто, навистина, не можеш да бидеш толку добар човек со тој канален стаорец. Клубот му даде сѐ и тој се посвети на наметнување трансферна диктатура“.
„Ни здодеа и ни се смачи од уцените и грубоста на ова хормонален џуџе кон сите нас кои работиме во клубот. Својот живот и го должи на Барселона. Се надеваме дека тој маршира меѓу рамнодушноста на луѓето, што е најлошото што може да му се случи“, му напиша Гомез Понти и на Бартомеу и на другите од раководството на клубот во тоа време.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
