Македонскиот прволигаш Шкендија ќе се обиде да доведе уште едно капитално засилување во овој зимски преоден рок. Раководството на клубот прави напори да го врати Енур Тотре во тетовскиот клуб. Тој е член на украинскиот клуб Ворскла Полтава, од каде пред неколку дена замина и Ѓоко Зајков, кој се пресели во романската Универзитатеа Крајова.
Тотре треба да биде пријатно изненадување за фановите на Шкендија оваа зима. Тој беше нивен миленик во периодот додека го носеше дресот на клубот.
Шкендија во овој преоден рок го доведе Методи Максимов од Работнички, како и Камер Ќака, Мустафа Мујезиновиќ и Наско Милев.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski