Челси загуби од Фулам на гости со 2-1, а тоа уште повеќе ја загрози позицијата на Грем Потер. Менаџерот на „сините“ истакнува дека црвениот картон на новото засилување Жоао Феликс е главната причина за поразот.
„Почнавме добро, имавме неколку можности на почетокот. Но, серијата грешки доведоа до првиот гол. Потоа моравме да се бориме и добро го започнавме второто полувреме. Сепак, црвениот картон промени сѐ. Одигравме добро и со 10 играчи, но моравме подобро при голот. Многу разочарувачки пораз. Ова е уште еден неуспех во низа и мора да продолжиме да се бориме“, изјави Потер.
Челси има пет порази во последните шест натпревари во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Прва лига
Арсими со убедлив триумф против Башкими













