
ФИФА ги објави номинациите за своите годишни награди „The Best“. Изборот се базира на ефектот во текот на минатата сезона, а вклучено е и Светско првенство во Катар. Специфичниот период наведен како релевантен за постигнувањата е меѓу 8 август 2021 и 18 декември 2022 година.
Номинирани се 14 фудбалери, а феновите од денеска до 3 февруари можат да гласаат за својот миленик.
Тројцата финалисти во секоја категорија ќе бидат објавени на почетокот на следниот месец.
Победниците ќе бидат објавени на церемонијата што ќе се одржи на 27 февруари во Париз.
Големи фаворити за наградата за фудбалер на годината се Лионел Меси и Карим Бензема.
Останатите номинирани се: Килијан Мбапе, Нејмар, Лука Модриќ, Садио Мане, Мохамед Салах, Роберт Левандовски, Кевин де Бруин, Ерлинг Халанд, Винисиус Жуниор, Џуд Белингем, Ашраф Хакими и Хулијан Алварез.
Номинираните за најдобар тренер се Лионел Скалони, Карло Анчелоти, Хосеп Гвардиола, Дидие Дешамп и Валид Реграги.
Номинирани за голман на годината се: Емилијано Мартинез, Алисон Бекер, Тибо Куртоа, Едерсон и Јасин Бону.
За наградата за најубав гол именуван по Ференц Пушкаш ќе се борат: Марио Балотели, Тео Хернандез, Килијан Мбапе, Ришарлисон, Димитри Паје, Алу Куол, Франциско Гонзалес Метили, Марцин Олекси, Амандин Анри, Салма Парауело и Алесија Русо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
