
Тренерот Карло Анчелоти призна дека Реал Мадрид не се претставил најдобро при победата на пенали против Валенсија во Суперкупот на Шпанија. Иако неговиот тим се пласираше во финалето, според италијанскиот стручњак, „кралевите“ не биле на нивото што тој го посакува.
„Тимот не е во најдобро издание. Мораме да се подобриме од тука па натаму. Во фудбалот нема лесни натпревари. Нашите противници се добро организирани и најважно беше да победиме. Добро се снајдовме на крајот од натпреварот. Бевме покомпактни во текот на натпреварот, но направивме и колективни грешки, а на средината на теренот не бевме добри. Тоа беше многу тежок натпревар“, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид ја победи Валенсија на пенали. Анчелоти го сподели и тоа искуство.
„Клучот за пеналите? Искуство, шутираат најискусните играчи. Тројцата најискусни шутираа први, беа „кул“, Карим, Крос, Модриќ… Потоа Асенсио, кој има одличен шут… И последниот Винисиус… подобро беше да не шутира“, се насмеа на крајот Анчелоти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс
