
Менаџерот Грем Потер е на удар на навивачите на Челси по поразот од Манчестер Сити со 0:4. Во последните осум натпревари, Челси победи само еднаш.
„Ова е најтешката работа во фудбалот. Мораме да се стегнеме заедно, да покажеме дека сме силни и повторно да го градиме она што го нема. Од самиот почеток знаев од каде дојдов и дека сето ова ќе биде многу тешко. Предизвикувачки и стимулирачки , но и многу тешко“, изјави Потер кој наскоро би можел да биде и отпуштен.
Можеби и денеска ако Челси не слави во Премиерлигата против Фулам.
На последниот натпревар навивачите на Челси го скандираа името на поранешниот тренер Томас Тухел.
„Ја разбирам фрустрацијата на навивачите, но ја ценам и нивната поддршка. Искрено, сѐ што се случува, секој наш пораз многу ме боли, страдам и јас, но и моето семејство. Колку и да се трудам да го сокријам тоа, после загубен натпревар јас не сум многу пријатна личност за друштво. Сето тоа влијае на моето семејство“, објасни Потер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Мурињо сака да го доведе Санчо во Фенербахче

Евро-фудбал
Мбапе се враќа за дуелот со Салцбург?

Евро-фудбал
Интер со пресврт до триумф против Урава редс
