
Манчестер Јунајтед е на чекор до ангажман на Ваут Вегорст. Холандскиот интернациоалец би дошол на позајмица до крајот на сезоната, а легендарниот Марко ван Бастен го предупреди својот сонародник Ерик тен Хаг дека е „опасно, ако има премногу Холанѓани во тимот“.
Ван Бастен го оправда бизарниот совет со ситуацијата што се случи во Барселона, кога таму имаше многу Холанѓани под раководство на тренерот Ван Гал.
Легендарниот напаѓач се сомнева како Вегорст би се снашол на „Олд Трафорд“.
„Се сомневам во него. Погледнете го Лук де Јонг. Тој е играч кој игра многу добро во воздухот. Мислам дека Вегорст не е толку силен во воздушните дуели. Тој може да постигне гол со глава, но тоа момчето може да направи најмногу со волја и ентузијазам“, изјави Ван Бастен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
