Connect with us

Хуго Лорис како рекордер се збогува од националниот тим на Франција

После Карим Бензема, и капитенот Хуго Лорис објави крај на кариерата во репрезентацијата на Франција. 36-годишниот чувар на мрежата се пензионира како рекордер по натпревари со тимот на „триколорите“ – 145 за период од 14 години. На 121 од нив ја носел капитенската лента на раката, што е и рекордно достигнување.


Најценетиот трофеј на Лорис е од Светското првенство во 2018 година, кога го подигна мундијалскиот трофеј. Покрај тоа, голманот беше дел од селекциите кои триумфираа во Лигата на нации (2021) и стигнаа до финалето на ЕП 2016 и на Светското првенство 2022 година.


Лорис ја доби капитенската лента по неуспехот на Франција на Светското првенство во 2010 година. Неговата позиција во тимот на Дидие Дешамп се очекува да го заземе голманот на Милан, Мајк Мањан.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови