Трката за „скудетото“ станува сѐ поинтересна. Наполи успеа да се опорави од првиот сезонски пораз што му го нанесе Интер, откако момците на Спалети славеа против Сампдорија. Миланските клубови, пак, потфрлија, иако и Милан и Интер имаа се во свои раце.
„Нероаѕурите“ водеа во два наврати против Монца, но дебитантот сепак успеа да дојде до бод. Киксот на Милан е уште пошокантен, избраниците на Пиоли за само пет минути ја прокоцкаа предноста од 2-0 над Рома и освоија само бод. Од друга страна, Јувентус ја продолжи својата неверојатна серија и сега заостанува само 7 бода зад Наполи, со кој игра дерби во петок.
Се „загрева“ и зимското „меркато“. Италијанските медиуми пренесуваат дека Хуан Квадрадо е цел на Интер.
Колумбиецот е играч на Јувентус од 2017 година. „Бјанконерите“ го купија за 20 милиони од Челси, по сезоната во која Колумбиецот како позајмен го носеше дресот на Јувентус.
Квадрадо стана еден од незаменливите играчи на најтрофејниот италијански клуб, но може да ја смени средината во текот на зимата. Неговиот договор со клубот од Торино истекува на крајот на јуни годинава, а засега нема преговори за негово продолжување.
34-годишниот играч е миленик на Марота, но покрај понудата од „нероаѕурите“ има понуда и од Ал-Наср. Саудијците се многу активни, пред неколку недели го доведоа Кристијано Роналдо. Португалецот и Колумбиецот веќе играа заедно три години во Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal