
Пари Сен Жермен донел одлука да го стави Нејмар на трансфер листата и е подготвен да ги слушне понудите од други клубови, пренесува шпански „Fichajes“.
Францускиот шампион ја намали цената на само 50 милиони евра со надеж дека ќе привлече клубови од Премиер – лигата како Њукасл, Челзи и Манчестер Сити.
Нејмар е најскапиот играч во историјата на фудбалот. Пред пет години ПСЖ го донесе од Барселона за 222 милиони евра, а Бразилецот не успеа да ја оствари целта и на парижаните да им ја донесе титулата европски првак. Договорот му важи до 2027 година.
Работата веројатно немаше да биде проблематична или итна доколку Килијан Мбапе не потпишеше нов договор со ПСЖ пред само неколку месеци.
До заминувањето на Роналдо во Ал-Наср, Мбапе не само што ја имаше најголемата плата во светот на фудбалот, туку и најголемите бонуси.
Покрај тоа, Лионел Меси се уште е во клубот, па нивните три плати сега изнесуваат околу 210 милиони евра, сума што ги надминува буџетите на многу големи европски клубови.
Со сите манипулации со буџетот и правилата, ниту ПСЖ не може да издржи таков притисок врз буџетот, со оглед на старо-новите правила на УЕФА за одржливост.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
