Connect with us

Баерн Минхен го претстави Дејли Блинд (ФОТО)

Баерн Минхен официјално го претстави своето ново засилување, Дејли Блинд. 32-годишниот дефанзивец потпиша договор со клубот до крајот на сезоната. Тој на „Алијанц Арена“ пристигнува како слободен играч откако пред неколку дена изненадувачки го раскина договорот со Ајакс.


„Едвај чекам да играм овде. Сега го имаме најважниот дел од сезоната каде се освојуваат титули и клуб како Баерн може да освои сѐ. Желбата ​​за титули што ја има овој клуб е причината зошто избрав да дојдам овде. Се надевам дека со моето искуство ќе бидам од корист за тимот. Ќе дадам сѐ од себе за Баерн“, изјави Блинд при претставувањето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови