
Актуелниот шампион Манчестер Сити ја продолжува потерата по лидерот Арсенал откако славеше на гости против Челси со 0-1 во дербито на „Стемфорд бриџ“. Стрелец на единствениот гол беше Ријад Махрез во 63.минута од дуелот.
Манчестер Сити сега има 39 бода, пет помалку од Арсенал кој е на врвот на табелата во Премиер – лигата.
Првото полувреме донесе лош фудбал, а Челси уште на стартот остана без Стерлинг и без Пулишиќ кои се повредија. Најдобрата шанса ја имаше нововлезениот Чуквуемека кој го погоди дирекот од голот на „граѓаните“.
Манчестер Сити заигра многу подобро во второто полувреме. Пеп Гвардиола по еден час игра ги внесе на теренот Грилиш и Махрез и токму тие, само три минути откако стапнаа на теренот, донесоа водство. Првиот асистираше, а Махрез стрелаше користејќи го одличното додавање на вториот дирек.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
