Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо ќе дебитира за новиот клуб Ал-Наср на 21 јануари против Ал Итифак, тимот за кој настапува македонскиот репрезетативец Дарко Велковски. Тоа е меч од 14. коло во првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо пред два дена беше промовиран во Ријад како ново засилување на Ал-Наср, а сѐ беше подготвено за да дебитира на денешниот натпреварот против Ал Таи.
Сепак, Роналдо ќе мора да пропушти два натпревари поради суспензијата изречена од ФА на Англија додека настапуваше за Манчестер Јунајтед. Португалецот доби суспензија на два натпревари откако му го скрши мобилниот телефон на момче со аутизам, додека го напушташе теренот по натпреварот против Евертон на „Гудисон парк“.
Португалецот немаше време да ја одлежи казната, бидејќи одлуката е донесена еден ден по раскинувањето на договорот со Манчестер Јунајтед. Според прописите на ФИФА, играчите кои не ја одлежале суспензијата во претходните лиги мора да ја „одлежат“ казната во новиот шампионат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













