Селекторот на јапонската фудбалска репрезентација Хаџиме Моријасу ќе остане на функцијата до следното Светско првенство во 2026 година, соопшти фудбалската федерација на оваа земја.
„Сините самураи“ имаа одличен турнир на првенството во Катар, каде ги победија Германија и Шпанија. Се пласираа во осминафиналето каде ги запре Хрватска по изведување пенали.
Со продолжениот договор Моријасу станува првиот селектор во оваа земја кој ја предводи својата репрезентација на две последовни светски првенства.
Другата цел што му ја постави федерацијата е да го освои Азискиот куп следната година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Лотито повика свештеник да му помогне на Лацио
Евро-фудбал
Арсенал стравува за повредата на Габриел
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













